3ти јуни: Курс по Креативно везење

28.00

Курс по Креативно везење и негова имплементација на облека со Дамаја во Public Room.
3ти јуни 2019 од 16-20ч.

На овој курс ќе ги научите основните подготовки и техники за рачно везење. За време на курсот ќе креираме везен дизајн кој може да го имплементирате на парче облека или од кој подоцна може да изработите аксесоари или ѕидна декорација.

Доколку имате некој цртеж/дизајн кои би сакале да го извезете и/или облека на која сакате да везете земете ги со вас. Облеката треба да биде изработена од нерастеглив материјал. (памучни кошули, тексас, лен се препорачливи)
Доколку немате/не донесете ќе ви бидат обезбедени патерни и текстил на кој ќе може да ги вежбате и совладувате новонаучените техники.

Везењето е медитативен процес. Препуштете се на имагитивноста и ослободете ги мислите. Дозволете интуицијата да ве води при секој повлечен конец за да креирате производ кој ве отсликува.

Никакво претходно познавање не е потребно. Секој е добредојден.

Курсот ќе трае 4 часа.
Цена на учество: 28€ ~ 1720 ден. со тоа што ќе ви бидат обезбени сите материјали потребни за работа, дизајни за везење, конци, игла и ѓерѓев (обрач за оптегнување на материјалот) кои ќе можете да ги понесете дома и да продолжите со имлементирање на стекнатите знаења.

Знаењето што ќе го стекнете на овој курс по креативно везење е се она што ви е потребно за да продолжите со работа и усовршување на занаетот во иднина.

Бројот на места е ограничен.

Доколку имате прашања, пратете е-маил на: damajahandmade@gmail.com

Зад името Damaja работи Стефанија Пејчиновска, дипломиран архитект од Скопје. Таа е самоука во занаетот по везење и моментално работи како дизајнер со рециклиран и одржлив текстил во Берлин.

www.damaja-studio.com
www.instagram.com/_damaja_
www.facebook.com/damajahandmade

Share